ДИК по преброени 99,85% од гласовите: Силјановска 40,08%, Пендаровски 19,93%

од Nikola Popovski

Резултатите што ДИК ги објавува на својата веб-страница покажуваат дека од обработени 99,85 проценти од гласовите, односно 3474 од вкупно 3.508 избирачки места, води кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова со освоени 362.682 гласови, односно 40,08%, пред Стево Пендаровски од СДСМ со 180.306 гласови (19,93%).

Трет е Бујар Османи од ДУИ со 120.903 (13,36%), Арбен Таравари од коалицијата Вреди има 83.356 (9,21%), Максим Димитриевски од ЗНАМ има 83.787 (9,26%), Билјана Ванковска поддржана од Левица 41.172 (4,55%) и Стевчо Јакимовски од ГРОМ има 8.103 (0,90%).

Остануваат за дообработка податоците од уште 24 избирачки места, по што ќе ги имаме конечните резултати од првиот круг на изборите.

Во вториот круг продолжуваат кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска Давкова и претседателот и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски.

Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи заедно со парламентарните избори во среда на 8 мај.

Слични содржини