Поврзи се со нас

Македонија

Построги процедури за издавање брзи кредити-Донесен Правилник за кредитен ризик

Објавено

на

Финансиските друштва од почетокот на овој месец имаат обврска да воспостават систем за управување со кредитен ризик за идентификување, мерење, контрола и следење на кредитниот ризик кој што вклучува меѓу другото процедура за процена на кредитната способност, како и процедура за идентификација и ажурирање на податоците на клиентите, соопштуваат од Министерството за финансии.

Начинот на управување со кредитниот ризик е пропишан со новиот Правилник кој е донесен од Министерството за финансии и кој претставува основа за системска контрола во работењето на финансиските друштва.

Со примена на Правилникот се оневозможува финансиското друштво да одобри кредит на барател кој не е кредитоспособен, односно финансиското друштво пред склчување на договорот за кредит треба да ја процени кредитната способност на барателот на кредит врз основа на информации од страна на барателот и релевантна надворешна база на податоци. Доколку од проценката на кредитната способност финансиското друштво утврди дека вкупните месечни обврски на барателот на кредит надминуваат 70 проценти од неговите вкупни месечни приходи, финансиското друштво нема да може да одобри нов кредит. На овој начин ќе се спречи презадолженоста на граѓаните, стои во соопштението од МФ.

Покрај проценувањето на кредитната способност, со Правилникот се обезбедува поголема заштита на потрошувачите на услугите на финансиските друштва од злоупотреба на личните податоци, на начин што се доуредува постапката по која финансиските друштва треба да вршат идентификација и ажурирање на податоците на клиентите и кредитобарателите.

Финансиското друштво при идентификација треба да обезбеди податоци од клиентот наведени во Правилникот кои што стануваат дел од кредитното досие и истите задолжително се наведуваат и во апликацијата за кредит, како и во договорите за потрошувачки кредит. Притоа, финансиските друштва нема да можат да одобрат потрошувачки кредит по електронски пат на физичко лице доколку кој било податок во апликацијата или доставените докази се разликува од податоците коишто се дел од кредитното досие, дополнуваат оттаму.

Воспоставувањето на системот за управување со кредитен ризик, пропишан со овој Правилник, произлегува од последните измени и дополнувања на Законот за финансиските друштва, кои беа донесени со цел поголема заштита на граѓаните кои ги користат услугите на финансиските друштва и зголемување на довербата во финансиските друштва.

Во таа насока со Законот се постави максимален износ на сите трошоци поврзани со кредитот, се укина можноста за земање кредит за затворање на претходно.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 7 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 9 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 11 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 12 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 12 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 13 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 14 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена