Фудбал Ла Лига

Реал ќе биде крунисан на 14 мај

Реал Мадрид ќе го добие шампионскиот пехар во Ла Лига по дуелот на домашен терен против Алавес во рамки на 36 коло, пренесува денеска шпанскиот весник Марка.

Реал ќе биде крунисан на 14 мај

Раководството на Реал претходно побара титулата да не му биде врачена на следниот натпревар, на 11 мај против Гранада на гостински терен. Тогаш се појави информација дека на Реал ќе му биде врачен трофејот во клупската база зад затворени врати.

Сепак, шпанската фудбалска Федерација (РФЕФ) по трет пат ја смени одлуката и „пресече“ церемонијата на доделување на титулата да се одржи на 14 мај по средбата со Алавес.

Реал сезонава предвреме ја обезбеди шампионската титула во Ла Лига, а избраниците на тренерот Карло Анчелоти вечерва во Мадрид го пречекуваат минхенски Баерн во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампиони.

To top