(ВИДЕО) Голема воена парада на Црвениот плоштад во Москва

Од:

На Црвениот плоштад во Москва почна воена парада по повод Денот на победата над нацистичка Германија во Втората светска војна, а рускиот претседател Владимир Путин по 21 пат ќе направи преглед како врховен командант на армијата. На свечената парада во Москва ќе присуствуваат претседателите на Белорусија, Казахстан, Таџикистан, Туркменистан, Куба, Лаос и Гвинеја Бисао.

Во некои делови од земјата веќе се одржаа воени паради по повод Денот на победата – 9 мај.

Воени паради се одржаа во Владивосток, Новосибирск, Хабаровск, Улан-Уде, Чита, Јужно-Сахалинск.

Како што беше претходно најавено, на Парадата на победата во Москва годинава ќе учествуваат повеќе од 9.000 луѓе и повеќе од 70 видови опрема, како и две аеробатски групи на руските воздухопловни сили – „Руски витези“ и „Стрижи“.

Во Русија, секоја година на 9 мај, по повод Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна, во повеќе градови се одржуваат победнички паради, а централната е на Црвениот плоштад во Москва.

Тогашниот Советски Сојуз изгуби околу 27 милиони луѓе во Втората светска војна, од кои 14 милиони цивили.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лажен аларм во театарот „Бољшој“ во Москва, евакуирани над 2.000 луѓе

Горан Наумовски

Спасувачките тимови на мотоцикли ќе почнат да патролираат во Москва

Судот во Москва му одредил притвор на продуцент на Ројтерс

Горан Наумовски

Убиен е полицаец во Москва, негов колега е ранет

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

Русија официјално ја обвини Украина за масакрот во Москва