Со звуците на „Убавиот син Дунав” стартува  Виенски бал  во Скопје – традиционално во х. „Александар палас“

812

Весникот ВЕЧЕР и Порталот vecer.press исто така се традиционално едни од медиумските помагатели-соработници. Сите специјално поканети гости  ќе другаруваат со виенскиот валцер, со екстравагантноста на музиката на Штраус, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на самата Виена. Водителката на балот ќе биде македонска екс-убавица Вера Мештеровиќ             

 На 11 мај, а веќе по 23. пат, традиционално ќе се одржи „Виенскиот бал“ во македонската метропола. Сè е под покровителство на амбасадата на Република Австрија во РС Македонија, на нивниот главен град Виена, а во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“.  Обележјата на балот се како и секогаш и сега: хуманост, танц, музика. Иако е само една вечер во годината, сепак ќе ја почувствувамe Виена – со музиката на Штраус од убавиот син Дунав, па се до захер-тортата, вкусната свежа австриска и македонска храна, добрите вина, шампањот…

Весникот ВЕЧЕР и Порталот vecer.press  се исто така традиционално едни од медиумските помагатели-соработници.

Сите специјално поканети гости ќе другаруваат со виенскиот валцер, со екстравагантноста на музиката на Штраус, со уметноста во која се чувствува легендарниот музички дух на самата Виена.

Кој досега нема танцувано на овие прекрасни валцери, в сабота ќе ја има ексклузивната можност да танцува на тие волшебни звуци. Како и на светски евергрини и македонски хит-рефрени. И годинава, „Виенскиот бал“ во Скопје има хуманитарна димензија. Секој специјално поканет гостин на балот активно ќе учествува во афирмацијата на човековата добрина, достоинство и вредност.

Во уметничката програма на Виенскиот бал во Скопје ќе настапат врвни уметници: оркестарот „Јохан Штраус“ ќе музицира под диригентство на Бисера Чадловска, а ќе настапат првенците на Балетот од Националната опера и балет, танчарите на танцовиот клуб „Прима-данца“.  Потоа, Свингерси, вокалните солисти Иван Наумовски (баритон), познатиот пијанист Роберт Вернер, од Австрија. Балот ќе биде збогатен и со модната ревија од светски познатата модна куќа „Елена Лука“.

Водителката на балот ќе биде екс-убавицата Вера Мештеровиќ. Воедно таа ќе биде облечена во вечерниот фустан, кој е креација токму на Елена Лука, додека за накитот на Вера се задолжени Филеви од Охрид.

„Виенскиот бал“ насекаде во светот каде што се одржува, па така и во Скопје ја почитува вековната традиција на задолжителниот дрескод. Дамите мора да бидат облечени во свечена долга вечерна тоалета, а господата или во смокинг, или во вечерен темен костум, а може и во униформа.

„Виенскиот бал“ во Скопје и оваа година, потврдувајќи ја македонско-австриската сорaботка на поле на културата и  уметноста, уште еднаш ќе ја донесе магијата на музиката, танцот и гламурот. И сето тоа, што е многу битно, во служба на хуманоста! Оваа година донацијата ќе оди за Леонид.   Д.М.