Вирално видео: Меган Маркл ја оттргнала девојката која сакала да застане и позира до принцот Хари – „Неверојатна е нејзината несигурност“

На социјалните мрежи осамна видео во кое се чини дека Меган Маркл не дозволила извесна девојка да позира покрај принцот Хари.Војводата од Сасекс се натпреварувал со својот тим „Royal Salute Sentebale“ на американското првенство во поло во Велингтон, Флорида и го освоил трофејот кој му го предала сопругата.Меган насмеана позирала со спортистите откако го бакнала Хари пред камерите, но проблемот настанал кога извесна девојка се обидела да застане до принцот за да се слика со него. Маркл воопшто не сакала да се помрдне и со раката ѝ посочила да застане на другата страна.She awkwardly refused to let the woman pose with Harry. So rude. pic.twitter.com/boVcdIlzcR— Royally Sage (@sage1411) April 13, 2024„Ѝ забрани на девојката да застане покрај Хари, „Не ѝ е гајле за Хари, само сакаше таа да биде во средината“, „Таа е толку ’кринџ‘“, „Од неа вреска несигурност“, „Таа мора да контролира сè“, „Зошто воопшто таа е во фокусот?“, пишувале твитерџиите.

Пронајдете не на следниве мрежи: