Поврзете се со нас

Македонија

ТФТ ја доби драмата со Чаир и го завери третиот билет за полуфинале

Објавено

на

foto:www.facebook.com/macedonianbasketball

ТФТ Скопје се рехабилитираше од почетниот пораз од Чаир и успеа да врзе три победи во низа, а со оваа вечерашната стана трет полуфиналист во најсилната кошаркарска лига во Македонија.

Тафталиџани се пласираа меѓу четирите најдобри откако самите си направија проблеми на денешниот натпревар, но сепак на крајот имаа повеќе нерви во драматичната завршница и победија со 70:69.

Чаир уште еднаш се покажа како незгоден ривал и се врати од големата негатива во третата четвртина (60:45), па дури и дојде до позитива во последната минута од мечот.

Гостите водеа со 68:69 и потоа имаа и напад за победа, по што Хотон се избори за слободни фрлања и на крајот ги постави конечните 70:69.

Покрај ТФТ, досега пласман во полуфиналето обезбедија Работнички и Пелистер, а последниот патник се очекува да биде МЗТ Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни