Герасимовски и Рајевска незаконски избрани во Управен, судскиот и обвинителски совет како на пазарче со толкувањето закони

Од:

Членови на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители стануваат и членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Но ако се погледнат законите, нивното назначување е незаконско, бидејќи на судиите и обвинителите избрани за членови на двата совети, во мирување им се функциите обвинител, односно судија. А за да се биде член на Управниот одбор на Академијата, еден од клучните услови е избраниот да биде од редот на судиите и обвинителите. За да го оправдаат изборот, Советот на јавни обвинители си дава свое толкување на законот, а и дел од членовите на судскиот совет имаат свое објаснување зошто изборот кој го прават е законски.

Па така, ако се земе во предвид дека Фиданка Рајевска со изборот на член на Советот на јавни обвинители во мирување и е функцијата обвинител, а на Зоран Герасимовски му мирува судската функција поради тоа што е избран за член на Судскиот совет, тие не можат да бидат дел од Управниот одбор на Академијата. Членови на овој орган на управување на Академијата, може да бидат од редот на обвинителите односно судиите.

„За член или заменик на Управниот одбор од редот на судиите и јавните обвинители можат да бидат избрани судии и јавни обвинители кои имаат положено стручен испит кој го спроведува Академијата“, стои во Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

За член на Управен одбор можат да бидат избрани судии и обвинители, а функцијата на Рајевска и Герасимовски им е во мирување

Според Законот за Судски совет, Герасимовски не е од редот на судиите, бидејќи, функцијата му мирува со именувањето за член на телото кое треба да гарантира независност на судството, почитувајќи ги законите и Уставот. Тој е избран со вкупно осум гласа, седум на членовите, а осмиот глас си го дал сам на себе. Нејасно е зошто тој не се изземал од гласањето, а со оглед, дека има конфликт на интереси. Членот на Судскиот совет, Лорета Горгиева имаше реакција и на седницата посочи дека на Герасимовски функцијата му мирува, па така, не може да биде избран за во Управен одбор на Академијата. Но сепак, мнозинството го избра да оди во Управен одбор.

Герасимовски си гласал и сам за себе

„Советот со решение ќе утврди престанок на судиска функција на судија кога е избран или именуван на друга јавна функција, освен во случај кога со закон е предвидено мирување на судиска функција, со денот на изборот, односно именувањето“, стои во Законот за Судски совет.

Истата одредба ја има и во Законот за Совет на јавни обвинители. Па така, кога Фиданка Рајевска била избрана во овој Совет, обвинителската функција и била ставена во мирување.

Изборот на Рајевска немаше да биде спорен ако нејзиниот обвинителски мандат не беше во мирување

„На избраните членови на Советот од редот на јавните обвинители, додека им трае мандатот во Советот, им мирува функцијата јавен обвинител“, стои во член 7 од Законот за Совет на јавни обвинители.

„А1он“ на една од прес-конфренцитее го праша претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолески, како Рајевска е избрана за во Управен одбор, а обвинителската функција и е во мирување. Тој објасни како Советот го толкува законот, а не кажа дали се согласува со тоа.

Јолески не кажа дали се согласува со ваквото толкување на законот

„Од редот на јавните обвинители. Не стои таму активни или обвинители на.. нема нагласување, од редот на јавните обвинители. Ние членуваме и во програмнскиот совет.. И таму стои дека ќе биде од редот на јавните обвинители.. Не можат да бидат оние кои се избрани од Собрание“, кажа Антонио Јолески, а на потпрашање: „Значи вие така го толкувате законот?“, тој додаде: „Не јас да го толкувам, така сите останати го толкуваат делот на законот, дека од редот на јавните обвинители. Дали јас се согласувам или не, тоа е мое лично мислење“.

Ја прашавме и Павлина Црвенковска, претседател на Судскиот совет, дали изборот на Герасимовски за член на Академијата за судии и јавни обвинители е законски, со оглед на тоа дека функцијата му е во мирување. Таа кажа, изборот го направил Советот, но потврди и дека имало реакции.

Во Судскиот совет имало реакции дека изборот на Герасимовски е незаконски, потврдува претседателката Црвенковска

„Судскиот совет е колективно тело и одлучува со мнозинство гласови. Членот Мирјана Радевска Стефкова го предложи членот на советот Зоран Герасимовски за член на УО на Академија за судии и јавни обвинители, а гласањето заврши со осум гласа за негов избор. Имаше реакција дека предлогот и гласањето не се според закон, но секој член со искажување на својот став кон одлуката за избор го искажува ставот во однос на законитоста“, вели Црвенковска.

Членувањето во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, од каде потоа излегуваат правосудните кадри кои се вработуваат во обвинителствата и судовите, носи моќ преку можноста да се одлучува за клучни прашања.

Според Законот за академија на судии и јавни обвинители, Управниот има долг список на надлежности. Законот кој ја регулира работата на Академијата предвидува дека Управниот одбор носи одлуки по приговори поднесени од кандидати, а учествуваат и во постапката за полагање бидејќи членовите на овој одбор на крајот од процесот го усвојуваат извештајот.

Со функцијата член на Управен одбор, постои можноста и за вршење на влијание. Во надлежноста на членовите е назначување и разрешување на директор, да одлучуваат за тоа кои ќе бидат предавачи, да формираат и распуштаат комисии, усвојуваат извештаи, донесуваат акти.

Би можело да ве интересира

Башким Бесими избран за член на Советот на јавните обвинители

ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава до ДКСК против Академијата за судии и јавни обвинители за прекршување на Изборниот законик

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите