Вести Свет

Мелони: Сурогат мајчинството е нехумано

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони изјави дека сурогат мајчинството е нехумано и оти би поддржала закон со кој оваа практика би станала универзално кривично дело.

– Сè уште верувам дека изнајмувањето матка е нехумано и ја поддржувам легислативата за ова да стане универзално кривично дело. Се надевам дека таков закон ќе стапи во сила што поскоро, наведе Мелони на средбата „За млада Европа – демографски промени, животна средина и иднина“.

Таа додаде дека јавната потрошувачка за поддршка на наталитетот „е корисна потрошувачка со многу висок мултипликатор и не може да се смета исто како и другите расходи во нашиот буџет“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе