Реал Мадрид ќе потврдува зошто е број 1, Панатинаикос нема право на нова грешка (Фото)

Вторите мечеви од четвртфиналните плејоф-серии помеѓу Панатинаикос и Макаби Тел Авив, односно Реал Мадрид и Басконија, кои се играат вечерва, може да бидат многу важни околу конечниот исход и патниците на фајналфорот во Евролигата.

Макаби го изненади ПАО на првиот меч во Атина, па скапиот тим на Зелените детелинки нема право на втор пораз ако сака да остане со реални шанси за пласман на финалниот турнир.

Фаворит на хартија е и Реал против Басконија. Првиот меч го добија Кралевите со 16 поени разлика, тие се единствениот домаќин кој води со 1-0 во четирите четвртфиналиња. Но, се бројат само победите, сеедно со колкава разлика ќе се победи. Реал е прв фаворит за титулата и ќе се потруди што побрзо да ја заврши работата против тим кој знае да биде незгоден за Реал и тим кој има опасни шутери предводени од Маркус Хауард. Хауард на првиот меч играше само 18 минути бидејќи имаше проблем со коленото.

Инаку, во Sport Life има голема понуда на играчи на кои може да се обложите. Има 23-ца  играчи во понудата за број на поени, 14-мина за скокови, а за деветмина може да погодувате дали ќе имаат плус или минус асистенции.

- Оглас -

Најнови вести