Соиграчите се во шок, велат дека Портнер не пие ни протеински шејкови

Голманот на европскиот ракометен шампион Магдебург, Швајцарецот Никола Портнер, во моментов е надвор од ракометните терени поради сомнеж дека користел допинг.

Антидопинг комисијата на Бундеслигата најави дека против него е покрената постапка. Портнер на 10 март падна на допинг-тестот (во крвта му се најдени траги од метамфетамин), па додека случајот не добие разрешница, тој не може да се занимава со ракомет.

Максимилијан Гербл, кој е соиграч на Портнер од швајцарската репрезентација, е шокиран од веста и вели дека Нико не пие ни протеински шејкови како сите други, а не пие ни алкохол при прославите.

- Оглас -

Најнови вести