Теодосиќ заврши во болница, Црвена звезда без најдобриот кошаркар против Реал Мадрид

Искусниот кошаркар Милош Теодосиќ беше на прегледи и одлучено е да не го одигра следниот натпревар во Евролигата. Кошаркарскиот клуб Црвена звезда ја извести јавноста дека ќе биде ослабена за најдобриот играч на тимот во тековната сезона, Милош Теодосиќ, на гостувањето кај Реал Мадрид.

Искусниот плејмејкер (37) нема да патува со тимот во Шпанија, туку ќе биде подготвен за следниот натпревар од АБА лигата, против тимот на Студентски центар во регионалното натпреварување.

Како што е наведено на официјалниот сајт на клубот, поранешниот капитен на српската репрезентација почувствувал непријатност и мачнина на еден од последните тренинзи пред патувањето, па по превентивните прегледи во болницата  утврдиле дека не се работи за сериозен проблем, сепак било решено поради превенција тој да остане во болница во Белград.

Се вчитува...