Србија останува без еден од главните играчи на ЕВРО 2024?

Фудбалерот на Севилја и репрезентавивец на Србија, Немања Гудељ доживеа повреда завреме на вчерашниот меч на неговиот тим против Мајорка. Станува збор за повреда на десното колено, и оваа повреда доаѓа во многу лош момент.

За потсетување дека Гудељ отсуствуваше подолго време поради проблемите во левото колено. Денешните лекарски прегледи покажаа дека настрадал менисукусот, и сега е под голем знак прашалник дали ќе може да игра на престојното Европско првенство.

Севилја се огласи по повод повредата, без назнака колку ќе паузира.

Инаку за Србија неизвесен е и настапот на Александар Митровиќ, кој исто така е повреден и во моментов е на лекување во Белград.

Се вчитува...