Регион

Во Струмица одбележани 4 години од членството во НАТО на Република Северна Македонија

Денеска во градскиот парк во Струмица, Армијата го почна одбележувањето на 75 години од формирањето на НАТО Алијансата и четири години од членството на Република Северна Македонија. Членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност и претставува најсилна гаранција за територијалниот интегритет и суверенитет на Република Северна Македонија.

Присутните граѓани можеа да видат дел од вештините, вооружувањето, борбените системи и опремата со кои располага Армијата, а на штандовите можеше да се проследи и промоција на Воената академија „Михајло Апостолски“.

Настанот беше збогатен со настап на Воениот оркестар на Армијата, а не изостана и традицоналното војничко гравче кое беше поделено на присутните.

Препорачуваме:

Околу 50 илјади евра годинава одвои општина Струмица за финансиска поддршка за 14 граѓански организации

Стојне Митева

Канал Вис во живо. Дали се почитува полициски час во струмичко? Релација: Струмица , Куклиш, Банско, Муртино, Робово, Дабиље, Струмица

Dimitar Micev

Реакција на ВМРО ДПМНЕ: Градоначалникот Костадинов тврди дека во Струмица постои тешка индустрија

Ѓ. K.