logo
logo
logo

И во домот на Мајк Пенс пронајдени СТРОГО ДОВЕРЛИВИ ДОКУМЕНТИ: „Случајно завршија во домот“

Vecer | 25.01.2023

И во домот на Мајк Пенс пронајдени СТРОГО ДОВЕРЛИВИ ДОКУМЕНТИ: „Случајно завршија во домот“

Доверливи документи беа откриени минатата недела во домот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс во Индијана, изјави неговиот адвокат, пренесува APnews.

„Дополнителните записи се чини дека се мал број доверливи документи кои ненамерно биле спакувани во кутии и пренесени во личниот дом на поранешниот потпретседател при заминувањето на минатата администрација“, рече адвокатот на Пенс, Грег Џејкоб.

Тој рече дека „Пенс не бил свесен за постоењето на чувствителни или доверливи документи во неговата лична резиденција“ и дека „ја разбира големата важност од заштитата на чувствителните и класифицирани информации и дека е подготвен целосно да соработува со сите соодветни инстанци“.

Портпаролот на Министерството за правда одби да го коментира инцидентот.

Пенс во август изјави за Асошиетед прес дека не зел никакви доверливи информации со себе кога ја напуштил функцијата.

Запрашан директно дали задржал доверливи информации по заминувањето од функцијата, тој рече: „Не, колку што знам“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk