Спорт
Милевски го истакна списокот со повикани фудбалери за натпреварите со Молдавија и Црна Гора
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за контролните натпревари против Молдавија (22. март, 15:30 часот) и против Црна Гора во турска Анталија (25. март, 18:00 часот).
На списокот на селекторот Благоја Милевски за двата меча се наоѓаат следните 28 фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија, Дамјан ШИШКОВСКИ – Арарат, Ерменија, Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички, Дејан ИЛИЕВ – Сараево, БиХ
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија, Тодор ТОДОРОВСКИ – Политехника Јаши, Романија, Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија, Јован МАНЕВ – Адана Демирспор, Турција, Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија, Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати, Русија, Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска, Стефан АШКОВСКИ – Алашкерт, Ерменија, Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова, Романија , Дарко ВЕЛКОВСКИ – Динамо Букурешт, Романија;
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција, Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска, Агон ЕЛЕЗИ – Бохум, Германија, Давид БАБУНСКИ – Мезекевешд, Унгарија, Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице, Полска, Давор ЗДРАВКОВСКИ – Медервел, Шкотска, Елиф ЕЛМАС – Лајпциг, Германија;
НАПАД:
Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска, Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905, Чешка , Дарко ЧУРЛИНОВ – Шалке 04, Германија , Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук, Хрватска, Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска, Ердон ДАЦИ – Беверен, Белгија, Лирим ЌАМИЛИ – Хвидовре, Данска;
„Со нетрпение го очекуваме новиот собир по подолга пауза од последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. Во Турција ќе патуваат 28 фудбалери. Сметам дека нема причина за некои поголеми промени. Остануваме со верба во играчите кои ги одиграа последните квалификации, со тоа што за прв пат го повикавме Лирим Ќамили од дански Хвидовре. Се работи за офанзивен фудбалер кој има континуитет на добри игри во својот клуб и сакаме да го видиме во репрезентативната средина“.
„Натпреварите против Молдавија и Црна Гора ни се многу важни во подготовките за следните квалификации, со посебен акцент на зајакнување на добрата атмосфера и заедништво. Треба да бидеме подготвени и полни со мотив, иако се работи за пријателски натпревари.
На тренинзите и натпреварите треба да влеземе сериозно, одговорно и цврсто. Тоа ќе го барам од сите во тимот. Фокусот ќе биде на тактичките замисли и како треба да изгледаме во Лигата на нации, а тоа значи игра во која ќе бидеме рационални, паметни, агресивни, компактни и фокусирани“.
Собирот на репрезентацијата на Македонија е закажан во Анталија на 18. март. Натпреварите се играат на стадионот „Мардан“.
Спорт
ФФМ сеќавање: Десет години од смртта на Илија Атанасовски – Ико, човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж..
Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија и еден од основоположниците на самостојна ФСМ, Илија Атанасовски – Ико.
Атанасовски почина на 2 мај 2014 година во Скопје на 65-годишна возраст.
Наш долгогодишен фудбалски работник. Беше фудбалер, тренер, членуваше во комисиите на УЕФА и на ФИФА, беше фудбалски историчар. Ќе остане запаметен и како автор на енциклопедијата на македонскиот фудбал со наслов „Ние сме едно големо фудбалско семејство“. Неговото дело даде само потврда дека фудбалот беше опсесивна тема за Ико.
Великан на фудбалот. Голем и како човек и како играч и како функционер. Во ФФМ работеше цели 26 години, а во тој период заедно со тогашниот претседател на Федерацијата, Љубисав Иванов – Ѕинго, Фудбалскиот сојуз на Македонија беше примен во УЕФА и во ФИФА.
Исклучително ценет од колегите и од спортските работници. Ќе биде запаметен како еден од големите спортски работници кој знаеше да ги препознае, застапува и брани интересите на македонскиот фудбал.
ИЛИЈА АТАНАСОВСКИ – ИКО, човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.
Извор: ФФМ
Спорт
Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите
Пламенот на Олимписките игри, кои летово ќе се одржат во Париз, вчера беше официјално предаден на француските организатори на Игрите на стадионот во Атина, каде во 1896 година се одржаа првите модерни игри.
Грчкиот ватерполист Јанис Фунтулис, последниот во низата факели низ Грција, го запали пламенот на стадионот Панатинаикос, а потоа пламенот му беше предаден на шефот на Олимписките игри во Париз, Тони Естанге.
Во сабота, Пламен ќе отпатува за Франција со едрилица од 19 век преку Средоземното Море, за да стигне до Марсеј 12 дена подоцна. Пламенот бил запален на 16 април во Олимпија, каде што се одржувале античките игри од околу 776 година п.н.е. до 393 година од нашата ера.
Олимпискиот оган преку ноќ ќе биде поставен во амбасадата на Франција, а во сабота, односно денес со брод од пристаништето Пиреја ќе биде пренесен во Марсеј. Пламенот треба да пристигне во Марсеј на 8 мај, а потоа преку Франција ќе патува до Париз, каде ќе се одржи церемонијата на отворање на Игрите.
Олимписките игри ќе траат од 26 јули до 11 август, а потоа и Параолимписките игри.
Спорт
Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.
Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот „ас“ во интервју за „CNN“ истакна дека мисли само на победи бидејќи таков му е менталитетот.
Можеби на почетокот на сезоната Новак Ѓоковиќ не делуваше премногу мотивирано, но светскиот рекет број еден дефинитивно е тоа, како што изгледа повеќе од било кога.
Српскиот ас во интервју за Си-Ен-Ен проговори како веќе се визуелизирал како победник на Ролан Гарос и затоа едвај чека да започне турнирот на париската земјена подлога, пренесува Спутник.
– „Само победа, ништо друго, таков е менталитетот. Визуелизацијата е важна, кога ќе видите дека успевате во неа, затоа се радувам и едвај чекам да започне турнирот. Секако дека знам дека не сум единствениот кој ја посакува таа титула и со нетрпение го чекам предизвикот“, изјави Новак.
Најдобриот светски тенисер е свесен дека младите играчи како Карлос Алкараз и Јаник Синер се желни за титули, но тоа уште повеќе го мотивира.
– „Секако дека не сум единствениот кој сака да ја освои таа титула, но со нетрпение ја очекувам. Сакам да се натпреварувам со различни генерации. Влегуваат млади момци… сите се неверојатно гладни, спремни и брзи, ќе ја искористам мојата способност да се прилагодам за да им ја подготвам вистинската тактика. Разбирам што е потребно за да се остане на врвот и да се натпреварува со нив во борбата за титули“, изјави српскиот ас.
На крајот објасни дека нема многу време да размислува за победите и поразите кои се зад него, бидејќи секогаш има нов предизвик за него.
– „Многу е важно да живеете во моментот, да ја цените сегашноста, но во исто време да се сеќавате на минатото, вашиот пат и да ги цените луѓето кои ве опкружуваат. Секоја недела се случува нешто ново во тенисот и тоа треба да го цените и вие. Иако, повеќе ќе размислувам за тоа кога ќе ја завршам кариерата. Додека сте уште активни, размислувате само за следниот предизвик, следниот турнир. Имате можеби неколку дена во годината, можеби една недела да размислите што сте постигнале“, заклучи Ѓоковиќ.
Првиот светски рекет го прескокнува Мастерсот во Мадрид додека игра во Рим, кој е последната станица пред Ролан Гарос.
Извор: politis.rs
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за четврток (2 мај)
-
Хороскоп2 дена
Месечен Хороскоп (Мај 2024)
-
Поезија2 дена
Во пресрет на најголемиот празник „Велигден“, стихови на кичевчанката Наумоска за Господовите страданија на патот на болката во страсната седмица
-
Кичево5 часа
Дечињата од ЈОУДГ „Олга Мицеска“ – Кичево, по повод „Велигден“ истакнаа празничен хепенинг
-
Култура19 часа
Денеска е „Велики Четврток“, традиции и обичаи за овој голем ден
-
Македонија1 ден
СВР Охрид: Презема мерки за наоѓање на сторители, кои по телефон вознемирувале граѓани за случени сообраќајки на нивни блиски
-
Македонија1 ден
Денес е 1-ви мај, меѓународен ден на трудот, некои велат ден произлезен од традициите на работничкото движење
-
Магазин1 ден
На децата не треба да им се дозволуваат паметни телефони во рака пред да наполнат 13 години, се вели во експертски извештај на францускиот претседател Макрон