Поврзете се со нас

Шпанија

Алвеш не собрал пари за кауција и ќе го помине и овој викенд во затвор

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/danialves

Дани Алвеш доби зелено светло од шпанскиот суд за чекање на конечната одлука од слобода, но и викендов ќе остане во затворот во Барселона.

Бразилецот е обвинет за силување и доби затворска казна, но сите инволвирани се жалеа на одлуката, па допрва ќе се одлучува дали првичната казна ќе биде конечна.

Во меѓувреме, Алвеш побара да биде ослободен со кауција и одземен пасош, но медиумите истакнаа дека денеска не успеал да ги уплати потребните 1 милион евра за да биде пуштен на слобода.

Парите не биле уплатени до 14 часот, а тоа не може да се стори и викендов, што значи дека Алвеш не може да го напушти затворот пред понеделник.

Бразилецот се обидува да собере пари од продажба на имот или исплаќање на долгот кој, кон него го имаат шпанските даночни власти, а во комбинација не е ниту таткото на Нејмар, кој ја отфрли можноста дека ќе му помогне на сонародникот.

Алвеш е осуден на четири и пол годишна затворска казна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни