Чави го презема Челси од следната сезона!?

Актуелниот стратег на Барселона, Чави Хернандез од следната сезона ќе го преземе тимот на Челси, пренесуваат англиските медиуми.

Добро е познато дека Чави заминува од Барса на крајот на сезоната, па челниците на Челси сакаат да го ангажираат во својот клуб. Иако од Барселона ја оставаат отворена можноста и за продолжување на соработката со Чави, сепак легендата на клубот истакна дека останува на одлуката за заминување.

Од Челси, пак, се желни да го имаат на чело на тимот поранешниот европски и светски шампион со Шпанија, на местото на Маурисио Покетино од кого ниту најмалку не се задоволни навивачите на клубот.

Се вчитува...