Кошарка

Макаби против Панатинаикос, Басконија или Виртус ќе одат на Реал Мадрид

Макаби против Панатинаикос, Басконија или Виртус ќе одат на Реал Мадрид

Макаби покажа класа во првиот меч од плеј-инот во Евролигата и во еден атрактивен меч го надигра тимот на Басконија, а со самото тоа си го осигура седмото место во Евролигата.

Израелскиот тим играше во Белград и беше домаќин само на хартија, но квалитетот дојде до израз и Макаби славеше со 113:85 во натпревар кој не беше баш неизвесен.

За порзената Басконија не е се црно и ќе може да дојде до плејофот со победа на натпревраот против Виртус, тим кој вечерва направи изненадување и победи во Истанбул против Анадолу Ефес.

Кошаркарите од Болоња славеа со 64:67, па сега во директен дуел со Баскониај ќе решаваат за последниот патник во плејофот, кој за противник ќе го има Реал во првата рунда.

To top