Трагедија во Скадар: Пронајдено телото и на второто девојче со кое мајка скокна во реката Бојана

622

Во градот Скадар е пронајдено тело на уште едно девојче, за кое се верува дека е ќерка на Алма А., која со трите деца скокнала во реката Бојана, јавува новинарката на Балкан Веб.

Во меѓувреме, потрагата по телата на мајката и синот на Алма Арази продолжува.

Алма А., за која се верува дека била жртва на семејно насилство со своите деца, исчезнала на 2 мај со две ќерки од девет и шест години и синот кој имал само четири години.

Еден ден подоцна нејзиниот сопруг пријавил дека исчезнале.