Бродвејски мјузикл „Малата Сирена“ со промоција во кино Фросина

Во МКЦ - Кино Фросина на 12 јуни 18:00 и 20:00 часот, ќе биде промовиран мјузиклот „Малата сирена“.

Приказната за убавата сирена Ариел, за нејзиниот заносен глас, за нејзината нескротлива љубопитност за светот на луѓето, за перипетиите низ кои минува да биде со нејзиниот сакан принц Ерик, добива форма на театарски мјузикл изведен од извонредните членови на Студиото за детски и младински мјузикли BROADWAY JR., раководени од продуцентот и музичкиот директор Наташа Лалчевска, а, актерската игра му е доверена на Радо Алексовски. 

„Под морето“, „Дел од твојот свет“, „Бакни ја“ се само дел од безвременските песни кои овојпат ќе ги чуете на македонски јазик, препеани од реномираната авторка Весна Малинова.  

Во главните улоги ќе ги видите: Калина Александар (Ариел), Давид Огнаноски (принц Ерик), Михаел Пепоски (Крал Тритон), Јована Лалчевска (Себастијан), Дена Деница Симјановска (Урсула), Амелија Ончева (Скатл), Јована Спиркоска (Гримзби), Даријан Симјановски (Флаундер), Лука и Петар Златкови (Флотсам и Џетсам) и други.