Top Sport

Ливерпул го најде наследникот на Клоп: испратена е официјална понуда

Јирген Клоп по девет години го напушта Ливерпул на крајот од сезоната, а се уште се трага по оној кој ќе го тренира Ливерпул по заминувањето на германскиот стручњак.

За Чаби Алонсо се зборуваше долго и се чекаше неговата одлука, но се чини дека тој повеќе не е опција.

Според португалските медиуми, тоа би требало да биде Рубен Аморим, актуелниот тренер на Спортинг од Лисабон.

Беше објавено дека на Аморим веќе му е понуден договор на три сезони и дека се чека неговата одлука.

Станува збор за млад специјалист, кој има 39 години, но веќе покажа квалитет, и на европската сцена.
Започна во 2018 година како тренер на Кас Пија, а потоа беше на клупата на Брага Б.

Не ја чекаше долго можноста да го преземе првиот тим со кој го освои Купот.

На чело на Спортинг е од март 2020 година, а „лавовите“ за него платија дури 10.000.000 евра.

Го освои шампионатот и Суперкупот на Португалија, поради што сега е прв избор на Ливерпул за нов менаџер на „црвените“.

Scroll to Top