• петок, 17 мај 2024

Изречени 174 санкции за брзо возење

Изречени 174 санкции за брзо возење

Скопје, 6 март 2024 (МИА) - На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно174 санкции за брзо возење.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека се изречени санкции за 10 возачи кои се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 70 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан