ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Трибина на УЈИЕ – зошто има невработени кога се бараат работници?!

Трибина на УЈИЕ – зошто има невработени кога се бараат работници?!

Недостигот на кадар што го бара пазарот на труд доведува до дизбаланс во земјава меѓу побарувачката на работници и оние кои немаат работа. На трибина што се одржа на Универзитетот на југоисточна Европа, ректорот Абдулменаф Беџети, оцени дека невработените најчесто не се во тек со трендот на времето. Пропусти има и кај универзитетите кои мора да ги следат потребите на економијата. (Изјава)

„Предизвиците се уште поголеми поради карактерот на високото образование кое е конзервативно и ретко кој го фаќа темпото на промените, а промените од ден на ден стануваат поекспоненцијални. Тогаш имаме и наш ригиден систем кој не дозволува секојдневно да ја менувате наставната програма и флексибилно да ја приспособувате, па сега работиме и бараме измени на Законот за високо образование за да им се даде слобода на универзитетите да се повикуваат на пазарот на трудот и врз таа основа да подготвува соодветни кадри“, рече Абдулменаф Беџети, ректор на УЈИЕ.

„Посебно задоволство е затоа што ние како Фондација секогаш ги организираме нашите активности во партнерство со институциите и локалните актери, па за оваа тема ни е особено задоволство што најдовме партнер универзитет бидејќи тие се оние кои континуирано работеа и работат во насока на подготвување кадар за идни стручни лица според потребата или побарувачката на пазарот на трудот“, додаде Валон Садику, Фондација Фридрих Еберт.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button