Баер Леверкузен е светско чудо: 10-ти натпревар дава гол во 90+ за да се спаси од пораз (Фото)

Екипата на Баер Леверкузен е вистинско светско чудо оваа сезона. Не само што сензационално го симнаа Баерн Минхен од тронот во Бундес лигата, тие немаат пораз на сите 46 натпревари кои ги одиграа во сите натпреварувања.

„Фармацевтите“ се во игра и за трофеите од Купот на Германија и од Лигата на Европа, но зачудува карактерот кој го поседува екипата предводена од Чаби Алонсо. Дури на 10 натпревари беа на прагот од пораз, но со голови во судиското надополнување на времето успеваа да се спасат и да останат непоразени. На дуелот против Карабаг во Лигата на Европа постигнаа дури два гола во дусиското надополнување и анулираа негатива од два гола.

Баер Леверкузен шест гола постигнал во судиското продолжение на времето на првото полувреме, но и 12 во судиското време на крајот од натпреварите, а 10 од тиа голови беа за да се спасат од пораз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести