(Видео) Специјално обучени кучиња смируваат патници на аеродромот во Истанбул

Специјално обучени кучиња се достапни на аеродромот во Истанбул за да ги смират нервозните патници пред нивниот лет.

Аеродромот ја спроведуваше програмата изминатиот месец за да помогне во намалувањето на стресот и вознемиреноста кај патниците кои минуваат низ неговите терминали, објави Ројтерс.

Патничката Анастасија Подмазова ја пофали услугата која клекна да погали едно од кучињата.

По позитивните повратни информации, аеродромскиот оператор ИГА има намера да го прошири проектот и да го зголеми бројот на кучиња кои ќе бидат достапни за вознемирените луѓе.

„Наместо пет, сега ќе има десет кучиња“, најави еден од управителите на аеродромот, Абдулкадир Демирташ.

Scroll to Top