Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги ги потврди првите две летни засилувања за шампионот Интер

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Интер вчера не пронајде доволно инспирација за да ја продолжи својата одлична серија во домашното првенство, па по вторпат оваа сезона загуби од тимот кој се бори за опстанок.

Неуспехот со Сасуоло нема никакво поголемо значење во ситуација кога титулата веќе е освоена, а тоа му овозможува на Симоне Инѕаги со позитивни мисли да гледа кон иднината и во ситуација кога тимот првпат не постигна гол по 42 меча во низа.

По поразот од 1:0, Инѕаги говореше и за амбициите кои ќе ги има Интер во новата сезона, а во која тимот ќе биде посилен за Мехди Тареми од Порто и Пјотр Зиелински од Наполи.

– Постојано сум во комуникација со клубот и сите од внатрешноста заслужуваат пофалба за тоа што го прават зад сцената. Веќе имаме договорено два играчи за новата сезона, ќе го почнеме летото сојасни цели и потоа ќе има уште два непредвидливи месеци на трансфер пазарот, – изјави Симоне, кој поопширно говореше за Тареми.

– Тој е играч кој може да биде важен за Интер, има големо искуство во Лигата на шампионите и постигна многу голови во Европа. Ќе ни биде потребен поширок тим следната сезона, па затоа ќе имаме и повеќе напаѓачи, – заврши Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни