Најнови детали во случајот со Данка Илиќ: Сослушани 14 нови сведоци, резултатите од обдукцијата на братот на убиецот доставени во Обвинителството

2384

Телото на Данка Илиќ (2) од Бор сѐ уште не е пронајдено. Девојчето исчезна на 26 март годинава во Бањско Поле, а на 4 април беа уапсени осомничените работници на ЈКП „Водовод“, Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50).

По наредба на Вишото јавно обвинителство Заечар одреден им е притвор до 30 дена, а за помагање во делото е осомничен Радослав Драгијевиќ.

Како што објави „Телегарф.рс“, Дејан детално опишал како е убиено детето, но одбил да каже каде е телото.

Братот на Дејан, Далибор, почина во полициски притвор во Бор. Резултатите од обдукцијата на неговото тело вчера пристигнаа во обвинителството, а за неа се очекува јавноста да биде информирана во наредните денови. Далибор беше осомничен дека телото на Данка го криел со својот брат и таткото.

Истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Заечар, кое за „Телеграф.рс“ изјави во која насока оди истрагата.

– Сведоци кои се испитуваат во постапката се родителите на Данка Илиќ, родителите на осомничените, роднини, пријатели, соседи и колеги од работа. Досега се сослушани 14 сведоци. Од утре продолжува распитот на нови сведоци.

Сведоците „главно биле испрашувани за околностите на движењето на осомничените за периодот од исчезнувањето на Данка Илиќ, до нивното апсење“, велат од Обвинителството.

– Сите пронајдени биолошки траги ќе бидат вештачени (ДНК форензика). Досега до обвинителството не е доставено ниту едно вештачење. Осомничените ќе бидат испратени на невропсихијатриско вештачење во Специјалната затворска болница во Белград, штом ќе се создадат услови за тоа, односно кога ќе престане потребата од присуство на осомничените во доказната постапка – додаваат од Вишото јавно обвинителство во Заечар.