Фирма за брзи кредити, рудници и спортска обложувалница се поддржувачи на трката во Штип

Фирма за брзи кредити, рудници и спортска обложувалница се фирмите поддржувачи на трката која викендов ќе се реалзира во Штип. Претседателот на здружението на граѓаните Супеиор ран, Дејан Ѓошев вели дека се дава можност на секоја компанија која сака да помогне да биде поддржувач на трката која годинава има рекорден број пријавени учесници. Дециден е дека предност се дава на локалните фирми и компании, а фирмата за брзи кредити, спортски обложувалници и рудници се дел од градот, односно регионот.

„Со самото тоа што сме компанија која пропагира општествена одговорност и се држиме до тоа, можеби малку себично од наша страна, но ги поддржуваме локалните компании. Медалите за самите тркачи се изработува од локални компании, маичките кои ќе ги носат се изработени во локална компанија, фирмите кои, дали брзи кредити, дали рудници се од регионот или од нашиот град. Така да ние како здружение можеби можевме целото ова да го реализираме со поддршка само од нашата компанија и нормално учесниците кои си ги плаќаат своите стартни пакети, но сакавме да дадеме можност на секоја компанија која се чувствува дека сака да помогне во самата трка да добие можност.“ – вели Ѓошев.

На околу 80% од фирмите во Штип биле испратени понуда да бидат дел од трката, односно да се јават како поддржувачи, спознзори или пријатели. Оние кои ја профатиле понудата ќе помогнат за реализација на истата.

Со тоа беа пратени понуди на 80% од компаниите од Штип кои сакаат да го подржат настанот. Тие што ќе ги видиме како генерални спонзори, поддржувачи и пријатели на настанот се тие кои ја прифатија поканата.“ – додава Ѓошев.

Трката ќе има донаторски карактер односно дел од средствата ќе бидат донирани.

Лаура Стојанова М-Нет