21 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ИМ ПОМОГНА НА НАУЧНИЦИТЕ! Дешифриран текст кој ја открива локацијата...

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ИМ ПОМОГНА НА НАУЧНИЦИТЕ! Дешифриран текст кој ја открива локацијата каде е погребан Платон!

Папирусите велат дека Платон бил погребан во тајна градина во близина на Храмот на музите во Платоновата академија во Атина.

Италијанските научници дешифрирале древни свитоци во кои е опишано точно каде бил погребан грчкиот филозоф Платон и што мислил за музиката што се слушала на неговата смртна постела. Тоа е дел од папирусите Херкуланеум, јагленисани свитоци кои долго време биле закопани под слоеви на вулканска пепел по ерупцијата на Везув во 79 година од нашата ера.

Папирусите велат дека Платон бил погребан во тајна градина во близина на Храмот на музите во Платоновата академија во Атина и дека последната вечер ја поминал на звукот на флејта што свирела млада робинка од Тракија. На Платон баш не му се допаднала нејзината музика, како што е напишано во антички текст.

„Нема доволно чувство за ритам“

„Веќе знаевме дека Платон е погребан во Академијата, но не знаевме точно каде“, изјави за Си-ен-ен денес Грацијано Ранокија од Универзитетот во Пиза. Во 86 година п.н.е., Академијата на Платон била уништена од римскиот генерал Сула.

„Претходно се мислеше дека на Платон му се допаѓа музиката што ја свири робинката. Но, дешифрираните записи покажуваат дека на смртната постела, Платон му коментирал на гостин од Месопотамија дека робинката нема доволно чувство за ритам. Му пречела високата температура и музиката“, рекол тој.

Го примил гостинот и покрај тоа што се чувствувал многу лошо. „Тој ја извршил својата должност. Гостопримството беше свето за Грците“, додава Раноки. Во текстот се спомнуваат и нови детали за историјата на Платон. Претходно се сметаше дека тој бил продаден во ропство во 387 п.н.е. додека бил во Сицилија.

Кога Платон завршил во ропство?

„Папирусот вели дека тој завршил во ропство или во 399 п.н.е., по смртта на Сократ, или во 404 п.н.е. на островот Егина, откако бил освоен од Спартанците. Тој бил млад, се уште немал основано училиште , тој сè уште не станал лидер, сè уште не напишал ниту еден од неговите познати дијалози“, објаснува Ранокија.

Новодешифрираниот текст припаѓа на група од околу 1.800 карбонизирани свитоци, кои биле откриени во 18 век во вилата на свекорот на Јулиј Цезар, кој живеел во Херкуланеум, крајбрежен град на околу 20 километри од Помпеја.

Некои од свитоците кои го опишуваат животот на Платон биле внимателно одвоени во 18 век, но овој процес подоцна бил напуштен бидејќи папирусите често биле уништувани по овој метод. Дури и да беа успешно одмотани, текстот во многу случаи беше нечитлив, пишува Тајмс.

Ранокиа и неговите колеги можеа да ги „прочитаат“ записите користејќи низа нови методи, вклучувајќи вештачка интелигенција и оптичка томографија, специјална техника за снимање. Успеале да дешифрираат пасус од 1000 зборови, што е околу 30% од текстот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП