29 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИгрите доаѓаат и на „LinkedIn“

Игрите доаѓаат и на „LinkedIn“

Игрите можеби се последното нешто што би го очекувале на социјалната мрежа посветена на работата и нешто поформалните меѓучовечки односи, но тие сепак може да се појават таму.

„Facebook“ и „Netflix“ веќе подолго време флертуваат со додавање игри во рамките на основната апликација или социјалната мрежа, „YouTube“ наводно работи на нешто слично, но тешко дека би очекувале некоја „сериозна“ платформа како „LinkedIn“ да се движи во таа насока.

Сепак, тоа се случува. Откако независни експерти открија делови од програмски код во апликацијата „LinkedIn“, кои сугерираат можна имплементација на игри, сè од деловната социјална мрежа на „Microsoft“ беше потврдено за „TechCrunch“.

Работете и играјте во едно

Во „LinkedIn“ велат дека „играат“ со идејата да вметнат едноставни игри, загатки и мозочни игри во постоечкото искуство на користење на социјалната мрежа. Идејата е дека на овој начин корисниците ќе останат подолго време на веб-страниците и апликациите, за да им се даде дополнителен момент на забава, да ги продлабочат меѓучовечките односи и да ги поттикнат корисниците да започнат некои нови дијалози – наскоро, велат, ќе се знае повеќе за сѐ.

Информациите од независни извори велат дека овие игри би ги поврзале компаниите и нивните вработени едни со други, на пример, со формирање на рангирање на компании. На нив работодавците би биле рангирани врз основа на тоа колку нивните вработени се успешни во игрите, односно какви резултати постигнуваат – играјќи на „LinkedIn“.

„LinkedIn“ е во сопственост на „Microsoft“ од 2016-та година. Моментално има повеќе од милијарда корисници, а во фискалната 2023-та година тие остварија приход од 15 милијарди долари, од кои 7 милијарди долари се од продажба на софтвер за регрутирање на корпорации и 1,7 милијарди долари од продажба на премиум претплатни пакети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП