Голем број верници го посетија манастирот Добра Вода во кочанско Оризари за петок Балаклија

Источен петок – петок Балаклија, се вика уште и Извор на лекувањето, бидејќи тој ден верниците одат на најблискиот извор и се измиваат поради лекување од многу болести. Посветен е на прославувањето на Пресвета Богородица која на тој ден во богослужењето се нарекува Живоносен источник. И покрај лошото време голем број на верници успеаа да присуствуваат на манастирот Добра Вода во кочанско Оризари. Денес како што е редот во манастирот ќе се и дава ручек. На овој настан приствуваше и владиката брегалнички Иларион, градоначалникот и останатите верници.

„ Имамо славата на овој ден Петок балаклија Богородица исто така имаме и повечеринка вечерта даваме вечера и денес ќе даваме ручок. Па види синоќе имаше народ, при бидејќи шо беше лошо времето дожд. Па беше задоволно имавме народ, исто така и денеска имаме доволно народ према тоа шо луѓето се на работа ама па имаме народ. Тука е и владиката брегалнички Иларион, тука се и градоначалнико, тука се и другите сите верници, секретаро тука се се. Сите се тука и верниците се тука. “ изјави Стефан Смилков

Манастирот е што туку уреден со нови фрески, останува уште само да се замени старата кујна со нова. Па затоа аплериаше до верниците и останатите граѓани кои се заинтересирани да помогнат во уредувањето на нова кујна која е од особено значење за манастирот и верниците.

„Сега сме у фаза да почнеме да праеме нова кујна за да можеме да идеме понапред да се готве. Затоа планирам секој шо може да помогне у овај манастир да ја изградеме кујната, за сите верници да се напрае ручок“ посочи Смилков

Денешниот празник, како слава некаде го прославуваат сопствениците на ресторани, во некои места на овој ден жените не работат потешки работи, во некои села се бојадисуваат јајца исто како за Велигден само што овојпат им се наменети на мртвите. Во некои места овој празник се прославува и како селска слава кога е обичај да се заколе јагнe.

Лаура Стојанова М-Нет