Поврзи се со нас

Рецепти

Посен ручек-Запечени филувани пиперки

Објавено

на

За време на Велигденскиот пост кој веќе почна, исхраната треба да биде разновидна и балансирана за да не дојде до здравствени пореметувања во организмот. Задолжителни се порции овошје и зеленчук секојдневно, а за ручек или вечера најдобро е да си зготвите некое посно јадење. Рецепти има многу, а некогаш едноставно доволно е да употребите креативност и да ги замените вообичаените состојки со посни.

Во оваа прилика ние ви пренесуваме рецепт за посни пиперки со фил од компир.

состојки:

6-7 пиперки за полнење

5 компири

1 домат

главица кромид

сол, бибер, црвена пиперка, магдонос

масло (наместо масло може да користите вода доколку постите на вода)

Подготовка: Најпрво исечкајте го кромидот. Пропржете го во малку масло, додадете вода и оставете да се крчка. За тоа време излупете ги компирите и изрендајте ги. Додадете ги во кромидот и пропржете. Додадете ги другите зачини и гответе околу десет минути. Најдобро е да земете подлабоко тавче или тавче што не се лепи. Со подготвениот фил наполнете ги пиперките од кои претходно ќе ги извадите семките. Наредете ги наполнетите пиперки во сад за печење и додадете го доматот, ситно сечкан. Прелијте со 200 мл. вода. Печете ги пиперките затворени околу 30 минути, а потоа тргнете го капакот и допечете ги уште 20-тина минути.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена