Lifestyle

ВО ХРВАТСКА МЛАДИТЕ НАЈДОЛГО ОСТАНУВААТ ВО РОДИТЕЛСКИОТ ДОМ, како е во другите земји во ЕУ

28.10.2024

Во 2023 младите во Европската Унија во просек го напуштаат родителскиот дом со 26,3 години, а претходната година просекот беше 26,4 години, покажува анализата на Еуростат.

Најдолго во родителскиот дом остануваат младите во Хрватска со просек од 31,8 години. Во Словачка младите заминуваат од родителскиот дом на 31 година, во Грција на 30,6 и во Шпанија на 30,4 години. Во Бугарија и Италија просекот е 30 години.

Најниска просечна возраст на младите кои го напуштаат родителскиот дом има во Финска  на 21,4 години. Во Шведска и Данска со 21,8 години и во Естонија со 22,8 години.

Во 2023 година 26 отсто од младите на возраст од 15 до 29 години живееле во „пренаселени“ домаќинства.

Според дефиницијата на Евуростат, во оваа категорија влегуваат лицата кои немаат барем една соба за еден пар во домаќинството. Исто така, и лицата постари од 18 години кои не поседуваат сопствена соба за живеење, една соба за секој пар на самостојни лица од ист пол на возраст меѓу 12 и 17 години, но и една соба за секој пар деца помлади од 12 години.   

Стапката на пренаселеност за младите во ЕУ минатата година иснесуваше 9,2 отсто. Оваа стапка е највисока во Романија (59,4%), Бугарија (55,3%) и Летонија  (54,8%). Најниски се во Малта (3,9%), Кипар (4,0%) и во Ирска (4,4%), пренесува „Бизнис и финансии“.


фото freepic  

ПРЕПОРАЧАНО