Колку често треба да го бањате кучето

Ако чувствувате дека вашето куче има непријатен мирис или е валкано, логично е да го искапете. Но, колку често треба да го правите тоа зависи од расата, начинот на живот и крзното.

Дури и ветеринарите и експертите не се согласуваат околу одговорот. Од Американското здружение за спречување суровост кон животните препорачуваат дека тоа треба да се прави еднаш на секои три месеци.

Ако сака да игра во трева и кал, треба да го бањате почесто за разлика од кучињата кои главно се чуваат во затворен простор и сака да го поминува времето свиткано во скут.

Според „Бичуви“, кучињата со средни и долги влакна треба да се бањаат на секои четири до шест недели, додека сопствениците на кучиња со кратки влакна треба да ги бањаат своите миленици еднаш на секои три месеци. Од Американскиот кинолошки клуб за расите со густи влакна, како што се лабрадори, златни ретривери или сибирски хаски, советуваат да не се бањаат премногу често, бидејќи тоа може да го отстрани маслото од кожата.

Од друга страна, потребно е редовно четкање. Четкајте ги кучињата со долго влакно еднаш дневно, а кучињата со кратки влакна еднаш неделно. Доколку имате куче со влакна што паѓаат над очите, пожелно е и редовно стрижење и средување.

Scroll to Top