Првата сосетка на убиецот на Данка открива, и рекол: Ќе биде тешко да ја најдат!

by Fokus

Селото Лука кај Бор е родното место на Срѓан Јанковиќ, еден од осомничените за убиството на девојчето Данка Илиќ.

Сосетка од продавницата спроти куќата во која живеел осомничениот вели дека последен пат разговарала со Срѓан пред две ноќи. И како што вели, тогаш целосно ладнокрвно се распрашал дали е пронајдена малата Данка.

– Праша што се случува со малата, дали ја нашле, бидејќи со денови тоа е главна тема во селото. Му кажав дека не ја нашле, а тој ми коментираше дека ќе биде тешко да се најде – изјавила таа за српските медиуми.

Полицијата ги пребарува селата Лука и Злот, а се пребарува и депонијата на стариот пат кај Бањско поле.

Пребарана е и фарма на дедото на еден од осомничените. По пребарувањето на просторот во селото Лука, жандармеријата се повлекла околу 18.30 часот. Овие две села се блиску до Бањско поле, но се наоѓаат во различни области.

Поврзани новости