Де Роси доведен до лудило: Љоренте дојде да го праша уште колку има време, по што тренерот на Рома полуде (ВИДЕО)

Рома обезбеди место во полуфиналето на Лигата на Европа по синоќешната победа во Рим и елиминација на Милан.

Дуелот го одбележа и еден интересен момент, во кој беше забележано вистинско лудило на тренерот на „волчицата“ Де Роси. Диего Љоренте во 72. минута се доближи до Де Роси за да го праша уште колку време има до крајот на натпреварот, по што тренерот на Рома не можеше да се воздржи.

Де Роси почна да урла по својот фудбалер, барајќи од него да се фокусира на играта, а не на времето…

Се вчитува...