Албанската полиција откри тунел кај Скадар, најдени се 65 килограми канабис во форма на чоколадна лента

by Fokus

Албанската полиција откри тунел во населбата „Скендербег“ во Скадар каде криминална група складирала канабис.

На прес-конференцијата беше соопштено дека се запленети 65,5 килограми марихуана во форма на чоколадо и 35 килограми канабис во шишиња, објавија албанските медиуми.

Полицијата распишала потрага по две лица, 42-годишниот Н.М и 37-годишниот Б.М.

„Постои сомневање дека се дел од група која се занимавала со производство и продажба на канабис. Ние сме во прва фаза од истрагата“ – изјави на прес-конференција директорот на полицијата во Скадар.

Поврзани новости