Модната недела во Париз го затвора модниот месец и ги заокружува претставувањата на колекциите за пролет-лето 2024. Оваа сезона во Париз ќе бидат прикажани 108 ревии, презентации и други настани, а во првите денови на модната недела ги видовме новите колекции на две познати париски куќи – Диор и Сен Лоран. Марија Грација Кјури кај Диор повторно се занимава со женственоста и феминизмот, а прикажа едноставна и удобна облека, но со доза на бунтовнички дух. Ентони Вакарело за Сен Лоран се одлучи за реинтерпретација на едноставна елеганција и навраќање на сафари естетиката која основачот на куќата Ив Сен Лоран ја претстави во 1970-тите години.
DIOR
SAINT LAURENT
Нема коментари