Поврзи се со нас

Вести

Руските служби потврдија дека има загинати во терористички напад во Москва

Објавено

на

Се стравува дека има неколку жртви откако неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва.

Руската разузнавачка служба ФСБ потврди дека има загинати и повредени во нападот, пренесе ДПА повикувајќи се на агенцијата Интерфакс.

Нападот се случил во Крокус Сити Хол во Красногорск, административниот центар на московската област, за време на концерт.

Потоа дошло до експлозија.

Би-Би-Си, повикувајќи се на руски агенции, јави дека пред неколку минути имало уште една експлозија.

Московски специјалци, полиција, како и пожарникари се на местото на инцидентот.

Преку подрумот на објектот биле евакуирани повеќе од 100 луѓе.

Андреј Воробјов, гувернерот на московскиот регион, соопшти дека е формирана работна група за справување со ситуацијата.

  • На лице место се прави се за да се спасат луѓето. Специјалните единици за брза интервенција работат. Во близина на Крокус има повеќе од 70 екипи на брза помош, лекарите им ја пружаат потребната помош на сите жртви, напиша Воробјов на Телеграм.
Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена