📷 Претставен првиот Stelato: Huawei и BAIC заедно ги напаѓаат Mercedes и BMW

од Симе Стоиков

Stelato S9, плод на соработката помеѓу брендовите Huawei и BAIC, дебитираше на саемот за автомобили во Пекинг.

Ова е првиот модел на Stelato, кој има за цел да ги предизвика премиум конкурентите како што се Mercedes-Benz S-Class и BMW Серија 7. Овој голем, целосно електричен автомобил има димензии од 5.160 x 1.987 x 1.486 mm и меѓуоскино растојание од 3.050 mm.

Како што е соопштено, S9 ќе се нуди во верзија со еден или два мотори. Едномоторната верзија има 227 kW, додека двомоторната верзија има заден мотор од 227 kW и преден мотор од 158 kW. Stelato S9 ќе користи батерии CATL.

Дизајнерската линија е преземена од неговиот помал братучед, Luxeed S7 (направен од Huawei и Chery). Користи дигитални ретровизори и скриени рачки за подобра аеродинамика, а ќе се нуди во црна, бела, црвена и златна боја.

Stelato S9, како и Luxeed S7, се очекува да има систем за осветлување xPixel, како и голема централна конзола што работи на HarmonyOS 4.

Овој автомобил треба да се појави на пазарот во јули или август, а најверојатно ќе чини помеѓу 41.400 и 69.000 долари. Во овој сегмент, сепак, ќе има тешка конкуренција во Кина во форма на Nio ET7, Zeekr 001 и Avatr 12, кои исто така користат технологија Huawei.

Слични содржини