ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тешка сообраќајка во Влае, „Партизанска“ затворена за сообраќај

Утрово булеварот Партизански одреди во скопската населба Влае е затворен за сообраќај поради тешка сообраќајна несреќа која се случила рано утринава, а во која учествуваа две возила.

Во моментов екипи на МВР го регулираат сообраќајот на овој дел кај бензинската пумпа Макпетрол.

Првично нема информаци за жртви но од она што можеше да се види на терен едното од возилата е буквално пресечено на половина од силината на ударот.

„Денеска (07.05.2024) во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(32) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(27) од с.Сарај, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од с.Љубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ “, информираат од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button