Арсенал креираше +5 на врвот на табелата, избраниците на Артета вечерва триумфираа со убедливи 4-0 против Евертон. Во финишот на првото полувреме, Сака го отвори резултатот а само неколку минути подоцна Мартинели зголеми на 2-0. Одегард погоди за 3-0 во 71. минута, а конечниот резултат го постави Мартинели со својот втор погодок во 80. минута. Со овој резултат, Арсенал испиша историја и стана првиот тим кој забележал 100 победи против еден ...

Со победата на Арсенал над Евертон од 4-0 синоќа во нивниот меч од Премиер лигата, Топчиите од Лондон испишаа историја во елитниот англиски клупски фудбал. Арсенал стана првиот клуб кој извојувал 100 победи против еден ист противник во елитната дивизија. Арсенал и Евертон меѓусебе имаат одиграно 204 првенствени натпревари, а од нив, дури 100 има добиено тимот од Лондон. Откако англиската прва лига се вика Премиер лига, а тоа е од 1992 наваму, ...