Вести Македонија

Бојмацалиев: Политичките партии да намалат со националистичка реторика

Потребно е да се намали националистичката реторика што се појави меѓу двата изборни круга, затоа што тоа не води никаде, рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, одговарајќи на прашањето зошто евроамбасадорот Дејвид Гир при оценката на првиот круг од изборите ја потенцираше големата надеж дека и за вториот круг на претседателските избори, како и кампањата за парламентарните ќе мине во мирна и демократска атмосфера. Бојмацалиев додаде дека МВР ги следи сите настани.

„Уште еднаш ги повикувам политичките партии да ја намалат националистичката реторика, бидејќи тоа не води никаде, 21 век сме, треба да се бориме со идеи и иновации за подобар живот во државата. МВР е тука секој настан да го евидентира и санкционира, со цел граѓаните да можат безбедно да гласаат на 8 мај“, рече Митко Бојмацалиев, дополнителен заменик министер за внатрешни работи.

По првиот изборен круг МВР излезе со информацијата дека се регистрирани неколку нарушувања на изборниот процес и тоа 12 случаи на фотографирање гласачки ливчиња и два случаја на кинење на гласачки ливчиња, потоа шест пријави за нудење поткуп и 15 пријави за агитирање. Бојмацалиев вели дека сите пријавени нерегуларности се веќе процесуирани во ОЈО.

„Се она што беше детектирано од страна на МВР, пријавено од страна на граѓаните, е поднесено до ОЈО и се процесуира. Се она што ќе е потребно да се дополни за да се комплетираат пријавите, Министерството стои на располагање и ќе ги докомплетира. Исто така МВР интензивно се подготвува и за вториот круг и парламентарните избори“, рече Бојмацалиев.

Од обвинителството информира дека за сите поднесени пријави се постапува по приоритет, веднаш се распоредуваат во обвинителство и се даваат насоки за обезбедување на докази. До државната изборна комисија по завршувањето на гласањето за претседателските избори, пристигнал само еден приговор за гласањето во Липково. Синоќа во 19 часот истече крајниот рок, пак, за приговори за постапката на сумирање и утврдување на резултатите. Конечните резултати од изборите, ДИК ќе ги соопшти веднаш, а најдоцна во рок од 24 по завршувањето на целата постапка по приговорите.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„ Кимоно инспирации“ од влијанието на јапонската култура и традиција врз уметникот Благој Мицевски

Дејан Дејан

Трипати Мицкоски, еднаш Ковачевски, ниту еднаш Ахмети- кој беше споменат во говорот на новиот претседател Силјановска

Дејан Дејан

Едно лице загина, многумина се повредени при удар на зграда во јужна Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе