Не заборавајте од каде доаѓате е пораката на Шекил Онил!

Орландо Меџик се решија за еден посебен потег, да го повлечат дресот на Шекил Онил, со реден број 32, од употреба и да го подигнат на кровот во „Киа центарот“.

По ЛА Лејкерс и Мајами Хит, дојде редот за Шекил Онил и од Орландо да му биде повлечен дресот, со што неговото име доби уште повеќе на тежина во НБА историјата.

Оваа екипа беше дел од финалето во НБА 1995 година, каде беа поразени од екипата на Хјустон Рокитс. Следната сезона Онил преминува во Лејкерс, како слободен агент.

– Знаете, постои онаа стара народна, „Никогаш не заборавајте од каде сте дошле. Мојата професионална кариера почна токму овде. Поголемиот дел од животот сум овде, луѓето беа гостопримливи, никогаш не мислев дека ќе дојде до овој ден, порача Шекил Онил.

Тој најголемите професионални и лични успеси ги постигна играјки во дресот на ЛА Лејкерс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО