Шкендија речиси го отпиша Шкупи од трката за титула, Македонија ЃП и Брегалница се селат во втора лига

Големата победа за Шкендија на гостувањето кај Шкупи и триумфот на Вардар против Македонија Ѓорче Петров, разрешија некои од дилемите во врска со пласманот во Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци победија на „Чаир“ и на две кола до крај му побегнаа на Шкупи три бода. Само првиот и вториот ќе одат во Европа, па за Шкупи овој болен пораз може да значи простување од титулата, но и од настап во европските купови.

Струга останува во трка за одбрана на титулата, има ист број бодови со Шкендија.

Околу опстанокот, дефинитивно е дека испаѓаат Македонија Ѓорче Петров и Брегалница, додека Вардар кој денеска со гол во финишот ги совлада Лавовите од Ѓорче најверојатно ќе игра бараж против третиот од втора лига (тоа би требало да биде Детонит Плачковица).

РЕЗУЛТАТИ: Брера Струмица – Брегалница 1-1, Работнички – Тиквеш 3-1, Шкупи – Шкендија 0-2, Струга – Гостивар 1-0, Вардар – Македонија Ѓ.П. 1-0, Воска спорт – Силекс 2-1.

- Оглас -

Најнови вести