Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Совети за брзо закрепнување ако имате болки во грбот

Објавено

на

Болката во грбот е сè почеста појава и речиси и да нема личност која не ја доживеала. Долготрајното седење, неправилната положба на телото, стресот се фактори кои доведуваат до болки во грбот. Остра, прободувачка болка, веројатно придружена со чувство дека е подобро да не се движите. Што всушност се случува?

Најчесто станува збор за повреда на мускулите или лигаментите, многу поретко се работи за кинење на дискот, а уште поретко се работи за инфекции и тумори. Меѓутоа, најчесто мускулите и околното ткиво реагираат на одредено движење, на пр. кога се наведнувате или кога сакате да кренете нешто тешко. Уште почести причини се долго седење, нередовно вежбање или прекумерна употреба на мускулите на грбот или учество во активност на која личноста не е навикната и поради тоа што мускулите биле вкочанети имало поголема веројатност да се повреди. Проблемот е што штом ткивото ќе се повреди, останува лузна, која се стврднува и ја зголемува можноста за повреда на истото место.

Што да направите кога тоа ќе се случи?

Во првите неколку секунди може да почувствувате паника, болката е многу силна и чувствувате дека не можете да се движите. Вдишете длабоко и кога ќе се смирите, ќе видите дека проблемот, можеби, не е толку страшен.

Одморете, легнете во удобна положба и дишете. Оставете ги мускулите да се релаксираат.

Земете мраз или замрзнат зеленчук, завиткајте го во крпа и ставете го на болното место. Мразот ќе го намали отокот на ткивото, а кога ќе се отстрани ќе ја зголеми циркулацијата. Можете да го држите 20 минути со мали паузи. Важно е да не нанесувате мраз директно на болната област за да избегнете смрзнатини.

Користете растенија. Камилицата помага да се релаксираат мускулите, рузмаринот го намалува воспалението кое се јавува на местото на повредата.

Пијте доволно течности. Водата го хидрира дискот и ги исфрла токсините од местото на повредата.

Полека обидете се да се движите, обидете се да се истегнете.

После овие совети треба да се чувствувате подобро. И во следните 24 часа, движете се полека, секое движење треба да биде добро обмислено. Ако почувствувате остра болка што се шири низ ногата или некои други проблеми, задолжително контактирајте го вашиот лекар. Правете вежби за истегнување, но слушајте го вашето тело до крај.

Еве и неколку превентивни совети за да ја намалите можноста од болки во грбот бидејќи превенцијата е сè уште најдобра.

  • Одржувајте оптимална телесна тежина
  • Вежбајте редовно
  • Загрејте се пред да вежбате или пред да го исчистите станот или да работите во градината
  • Носете удобни чевли со мала, стабилна пета
  • Секогаш свиткајте ги колената кога кревате нешто
  • Пијте многу вода
  • Спијте на добар душек
  • На долги патувања правете чести паузи за да се истегнете
  • Кога седите долго време на компјутер, задолжително правете вежби за истегнување
  • Правете вежби за зајакнување на грбот најмалку два пати неделно
  • Зајакнете ги стомачните мускули кои го поддржуваат долниот дел на грбот
  • Дишете длабоко, бидејќи правилното дишење ја намалува мускулната тензија
Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 1 час

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 2 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 4 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 5 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 6 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 8 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 8 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 9 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 10 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена