Поврзете се со нас

Шпанија

Мориентес издвои еден играч на Реал: Тој е број еден во светот

Објавено

на

Foto:instagram.com/f.morientes9

Победата на Реал Мадрид со драматичен пресврт во завршницата на полуфиналниот реванш со Баерн предизвика многу реакции во фудбалската јавност, а очекувано најмногу комплименти добиваат ѕвездите на шпанскиот шампион.

Фернандо Мориентес како поранешен напаѓач на Реал ги коментирал случувањата не само на конкретниот натпревар, туку и целата сезона и посебно истакнал еден фудбалер.

– Без никакво сомневање, Винисиус е најдобар фудбалер во светот. Колку и да го споредувате со други типови на играчи, тој е одлучувачки фактор за Реал и тоа го докажа повторно.

– Досега можев да прочитам многу коментари дека Винисиус сака да биде во центарот на вниманието и тоа му е најважно. Имало такви фудбалери и тие исчезнувале брзо од елитната сцена, но Винисиус не само што не е таков случај, туку веќе ги надмина и очекувањата.

– Тој стана толку комплетен фудбалер и човек на одлука, се појавува секогаш кога има потреба и кога се решава нешто, – рекол Мориентес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни