Морати: Убаво е што Интер ја освои втората ѕвезда пред Милан

Легендарниот и долгогодишен претседател на Интер, Масимо Морати, го изрази своето задоволство од тоа што освои 20-то скудето, со кое „нероазурите“ го престигнаа својот ривал Милан, кој остана на 19 титули.

Интер ја потврди титулата во дербито на Милано, совладувајќи го големиот ривал Милан, и така стана недостижен на табелата во Серија „А“.

„Убаво е, навистина. Една позитивна работа во сезоната во која доминиравме. Дербито секогаш е посебен меч. Што се однесува до разочарувањето во Лигата на шампионите, но мора да го прифатиме. Интер беше елиминиран од никаде. Но, се случуваат и подобри екипи да бидат елиминирани, како на пример Манчестер Сити кој доминираше со Реал Мадрид, и на крајот падна. Скудетото им припаѓа на сите во Интер. Сите имаат одлична сезона“, рече Морати.

Се вчитува...