Крамариќ го поздрави селекторот на Канада: Видовте кој кого е..ше

Андреј Крамариќ со два гола ја предводеше Хрватска до голема победа од 4-1 над Канада, а голгетерот на „коцкестите“ не заборави по натпреварот да го „пецне“ канадскиот селектор Џон Хердман. Кормиларот на Канада по поразот од Белгија на првиот меч ги мотивираше своите играчи со порака: Ајде да ги е..ме Хрватите, за што следеше осуда од фудбалската јавност.

„Коцкестите“ не сакаа да го коментираат примитивизмот на противникот во пресрет на натпреварот, но Крамариќ не криеше дека тоа послужило како мотивација за хрватските фудбалери пред мечот.

„Би сакал да му се заблагодарам на селекторот на Канада за мотивацијата. Се виде на крајот кој кого е..ше“, изјави Крамариќ.

Хердман по натпреварот повторно се извини за дадената изјава по првото коло.

„Ја почитуваме Хрватска, но овде сме за да оствариме што подобар резултат. Јас дефинитивно морав да бидам поприбран кога ги собрав играчите околку мене по првиот натпревари, самиот сум виновен за она што се случи“, прокоментира селекторот на Канада.

Се вчитува...